Јапонија ја предупреди Велика Британија да не се повлекува од Европската унија бидејќи тоа би можело да доведе до затворање на претставништвата на јапонските фирми на британска територија и голем број отпуштања, пишува „Sunday Times“.
Во меморандумот кој го доби Министерството за надворешни работи во Лондон јапонската страна нагласува дека јапонските фирми инвестираат во Велика Британија бидејќи на тоа гледаат како врата за европскиот пазар.
Околу 1.300 јапонски компании, кои имаат свои претставништва на британска територија, би можеле да ја преиспитаат своја одлука, доколку Велика Британија не продолжи да игра „важна улога“ во ЕУ, стои во документот што го пренесува „Sunday Times“, напоменувајќи дека станува збор за најмалку 130.000 работни места.
Британскиот премиер Дејвид Камерон вети дека до крајот на 2017 година да одржи референдум за британското членство, ако неговата конзервативна партија на изборите во 2015 година добие нов мандат.