Јанукович: Изборите во Украина му донесоа на народот смрт и страдање

Од:

Претседателските избори во Украина, што се одржаа на 25 мај, им донесоа на Украинците само смрт и страдање, наместо стабилност и мир, изјави денеска поранешниот украински претседател Виктор Јанукович.

Тој истакна дека луѓето од новоизбраниот претседател и од предвремените избори одржани во неделата очекувале пред се мир, бидејќи се изморени од судирите кои прераснаа во вистинска војна.

Украинската Влада пред два дена започна воена операција против проруските сили во источниот дел на земјата, а во овие судири досега загинаа повеќе од 100 лица.

– Тоа конечно се случи: избран е претседател на Украина! Но, тогаш дојде до изненадување ил, подобро кажано, шок. Наместо мир и стабилност, се случи масакр, нагласи Јанукович.

Според прелиминарните резултати, украинскиот олигарх Порошенко на претседателските избори освои 54 отсто од гласовите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми