Јацењук: Украина ќе ги исполни сите одредби од договорот

Од:

 Украинската страна ќе ги исполни сите одредби кои ги потпиша во Женева по разговорите на кои учествуваа претставници на Русија, САД, ЕУ и Украина, изјави синоќа украинскиот премиер Арсениј Јацењук на вонредната седница на Владата.

Јацењук ги повика демонстрантите да ги одблокираат сите административни згради и ги повика властите во Киев да го исполнат условот за амнестија за оние демонстранти кои ќе ги напуштат зградите и ќе го положат оружјето, освен оние кои извршиле тешки злосторства, како што се убиства.

Јацењук рече дека украинската Влада ќе ја разгледа соработката со ММФ на затворена седница.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми