Јацењук: САД помогнете, Русија сонува за СССР!

Од:

Украинскиот премиер, Арсениј Јацењук изјави дека Русија ја поткопува глобалната стабилност и напорите, кои што се насочени кон елиминирање на нуклеарното оружје, во атмосфера на актуелниот судир помеѓу Киев и Москва.

Јацењук пред посетата на американскиот потпретседател Џозеф Бајден на Киев исто така побара финансиска, економска и помош за модернизација на украинската војска, но сепак не побара оружје. -Светот има причина да биде загрижен поради намерите на Путин и поради она што Руската Федерација го направи со поткопување на глобалната стабилност. Кристално е јасно дека денес Русија е глобална закана како за ЕУ така и за самата Украина-рече Јацењук.

Тој додаде дека со тоа се елиминираат програмите за укинување на нуклеарното оружје, мислејќи при тоа на Меморандумот од Будимпешта од 1994 година, врз основа на кој Украина го предаде својот нуклеарен арсенал во замена за гаранција на суверенитетот од страна на Москва и западните сили. Јацењук исто така го обвини рускиот претседател Владимир Путин за експанзионистички амбиции. -Путин има сон повторно да го обнови Советскиот Сојуз и секој ден оди се понатаму и понатаму. Господ знае каде на крај ќе сопре- рече Јацењук.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми