Јацењук: Русија може да се обиде да ги дестабилизира изборите во Украина

Од:

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук денеска предупреди на можни обиди на Русија за дестабилизација на парламентарните избори во Украина, во недела, и од тие причини нареди да се засилат безбедносните мерки со цел да се спречат „терористички акти“, пренесоа британските медиуми.

-Јасно е дека ќе продолжат обидите за дестабилизирање на ситуацијата, предизвикани од руската страна. Тие не постигнаа успех на претседателските избори (во текот на мај), но нивните планови останаа во сила, рече Јацењук на средбата со високите безбедносни раководители и набљудувачи на претстојните избори.

„Необходна ни е комплетна мобилизација на целиот правосуден систем, за да се спречи нарушувањето на изборниот процес и на секакви обиди за терористички акти на изборите“, додаде тој.

Министерот за внатрешни работи Арсен Аваков изјави дека неговото министерство е подготвено да ги запре провокациите во текот на изборите во Доњецк и Луганск.

-Тврдам дека Министерството за внатрешни работи во целост е опремено со сите потребни резерви во соработка со Националната гарда за да ја запре секоја провокација, изјави Аваков.

Тој истакна дека сите избирачки места во Донбас во недела, на денот на изборите, ќе бидат под посебна контрола и дека пратеничките мандати нема да може да се добијат со „криминален акт“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми