Јаценјук: Русија го нарушува украинскиот воздушен простор со цел да ја воведе Украина во војна

Од:

Руската воена авијација синоќа го наруши неколку пати украинскиот воздушен простор со една единствена цел да ја натера Украина да почне војна, изјави денеска во Рим украинскиот премиер Арсениј Јаценјук.

– Руските воени авиони синоќа седум пати го нарушија украинскиот воздушен простор, истакна Јаценјук на прес-конференција по аудиенцијата кај папата и по средбата со италијанскиот премиер Матео Ренци.

Во врска со киднапирањето на 13-те воени набљудувачи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа од страна на проруски сепаратисти премиерот изјави дека тоа е уште еден доказ дека „самопрогласените мирни демонстранти со проруска ориентација во пракса се терористи“.

– Тоа е неверојатно и недозволиво. Ја повикуваме Русија да ги повлече своите сили за безбедност. Бараме од Русија да не остави на мира, додаде Јаценјук.

Русија, пак ги демантира тврдењата дека навелегла во украинскиот воздушен простор.

– Не се случило никакво нарушување на воздушниот простор на Украина од страна на руски воени авиони, соопшти руското Министерство за одбрана.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми