Украинскиот премиер Арсениј Јацењук, лидер на партијата „Народен фронт“, смета дека е неопходно да се создаде коалиција со партијата на претседателот Порошенко – „Блокот на Петро Порошенко“, соопшти ТАСС.
-Мислам дека пред изборите со претседателот треба да направиме коалиција. Ние често комуницираме и јас ќе направам се што е можно заедно да се појавиме на изборите, рече Јацењук на Првиот национален канал на украинската телевизија.
Предвремените избори за Врховна рада на Украина се закажани за 26 октомври.
Според Јацењук, неговата партија и партијата на претседателот следат еден ист курс и затоа треба да се обединат и да создадат „проевропска коалиција – коалиција за реформи и промени“, пренесоа руските медиуми.