Јацењук: Киев ќе го плати гасовиот долг кон Москва за 10 дена

Од:

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук денеска вети дека Киев за 10 дена ќе го плати гасовиот долг кон Москва, доколку двете земји утре успеат да се договорат за условите од новиот договор.

– Ќе си ги платиме сметките. Прво треба да го потпишеме договорот и потоа за најдоцна 10 дена Украина ќе плати, истакна Јацењук.

Еврокомесарот за енергетика Гунтер Јотингер и претставниците на Украина и на Русија ќе се сретнат утре во Брисел на нов круг преговори за прашањето околу испораките на руски гас. Москва се закани дека ќе ја прекине испораката од вторник доколку Украина не го исплати долгот, кој изнесува милијарди долари.

Двете страни утре треба да потпишат договор за цената на гасот за април и мај, која е оспорувана од Киев, откако Русија значајно ја зголеми, како и за идните испораки.

– Треба да потпишеме нов договор. Ако Русија не го прифати овој нов договор, ние ќе се обратиме до судот во Стокхолм, нагласи Јацењук.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми