Израелските сили извршија рација во болницата Ал-Ахли во градот Газа и приведоа повеќето од вработените, соопшти црквата која управува со болницата.
Како што изјавила, урнат е ѕидот на предниот влез на болницата.
По рацијата, болницата остана со двајца лекари, четири медицински сестри и двајца чувари за да се грижат за повеќе од 100 тешко повредени пациенти, без вода или струја, изјави свештеник во Aнгликанската катедрала во Ерусалим, која раководи со болницата.
Тој изјавил дека на урнатините на влезот во болницата бил паркиран израелски тенк, за да спречи некој да влезе или излезе од неа, пренесува АП.