Портпаролот на израелските безбедносни сили (ИДФ) Даниел Хагари потврди дека иранскиот напад врз Израел започнал вечерва.
Тој рече дека ќе бидат потребни неколку часа за беспилотните летала да стигнат до израелскиот воздушен простор, додавајќи дека GPS услугите се недостапни на многу локации во земјата.
„Иран истрела беспилотни летала од својата територија и од територијата на своите сојузници кон територијата на државата Израел. Ја следиме заканата од воздушниот простор. Станува збор за закана, односно за беспилотни летала на кои им требаат неколку часа лет до израелска територија“, рече Хагари, според израелските медиуми.
⚡️BREAKING
Shahed-136s are now in the Iraqi airspace! pic.twitter.com/wQtEvJyaGN
— Iran Observer (@IranObserver0) April 13, 2024
Тој додаде дека ИДФ и израелските воздушни сили почнале да спроведуваат „добро испланирани одговори за кои се подготвувале“.
„Како дел од подготовките, GPS не е достапен на неколку локации низ земјата. Имаше одредено нарушување, но сето тоа е насочено и привремено“, додаде тој.