Четворица Палестинци загинаа денеска во напад на израелско беспилотно летало врз окупираниот град Џенин на Западниот Брег и неговиот бегалски камп, соопштија палестинското Министерство за здравство во Рамала и официјалната палестинска новинска агенција ВАФА.
Уште едно лице е повредено во напад на населбата Ал-Сибат во градот Џенин, јавија палестинските медиуми, пренесува Ројтерс.
Директорот на болницата во Џенин изјави за WAFA дека овие Палестинци биле директно цел. Израелските сили опколуваат три болници во областа, се додава во извештајот на агенцијата.
Пред нападот, Министерството за здравство во Рамала извести дека 275 Палестинци биле убиени на окупираниот Западен Брег од почетокот на конфликтот и нападот на Израел на 7 октомври од страна на вооружени лица од исламистичкото движење Хамас со седиште во Појасот Газа.