Израелската војска денеска соопшти дека нејзините војници убиле десетици милитанти низ Појасот Газа во средата, додека израелските војници извршиле копнени и воздушни напади врз градот Кан Јунис, пренесува Ројтерс.
Армијата, исто така, објави дека продолжуваат борбите во северниот и централниот дел на Газа, каде што 162-та дивизија, 401-та оклопна бригада и пешадиската бригада Нахал убија десетици оперативци на Хамас и извршија рации на локации кои припаѓаат на оваа палестинска група.