Израелците протестираа во Тел Авив против планот за анексија на Западниот брег

Од:

Илјадници Израелци денеска протестираа во Тел Авив против планот на премиерот Бенјамин Нетанјаху за анексија на делови од окупираниот Западен Брег, на кои претендираат Палестинците.

Поради ризикот од коронавирус демонстрантите носеа заштитни маски и ја почитувана социјалната дистанца, а се собраа под слоганот „Не на анексијата, не за окупацијата, до слобода и демократија“, пренесуваат британските медиуми.

Премиерот Нетанјаху најави декла од 1 јули ќе почне со реализирација на планот за анексија на израелските населби и долината Јордан во Западниот брег и дека за тоа го чека одобрението од Вашингтон.

Палестинците сакаат независна држава на Западниот Брег, со Источен Ерусалим како нивни главен град и Појасот Газа, што се териториите што Израел ги освои со шестдневната војна во 1967 година.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Маж се самозапали за време на протестот

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ

Израел конечно призна: Иран ги уништи нашите бази

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимката од ликвидацијата на лидерот на Хезболах во Бејрут