Израелците објавија снимка: „Ова е доказ дека Хамас се крие под болница во Газа“

Од:

Одбранбените сили на Израел (ИДФ) денеска објавија снимка за кои тврдат дека се доказ дека милитантите на Хамас се кријат во и под најголемата болница во Газа.

„Нивните приоритети се јасни, а луѓето што живеат во Газа не се меѓу нив“, се вели во соопштението на ИДФ заедно со визуелните материјали во кои се тврди дека болницата Шифа, најголемата болница во Газа, е база за терористите на Хамас.

„Болницата Шифа, најголемата болница во Газа, треба да биде хуманитарен објект. Но наместо да ги заштити луѓето од Газа, Хамас се крие мрачна тајна под болницата, таа е центар на тероризмот на Хамас во Газа“, изјавија од ИДФ.

„Хамас користи околу 1.500 болнички кревети и 4.000 медицински работници како засолниште во кое планира терористички активности. Таму крие осудени убијци и складира оружје наменето за тероризам, со што се загрозуваат илјадници пациенти и болнички персонал“, тврдат од ИДФ.

ИДФ објави и аудио снимка за која тврди дека е разговор меѓу двајца жители на Газа. Во разговорот еден од нив наведува дека базата на военото крило на Хамас се наоѓа под болницата Шифа.

Би можело да ве интересира

Повеќе од половина милион раселени Палестинци се враќаат во северниот дел на Газа по 15 месеци

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници

Хамас: Бројот на загинати во Газа се искачи на 47.283, тела се наоѓаат под урнатините

А1он

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Главни точки од договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас

А1он

Израел го потврди историскиот мир во Газа