Израелските напади врз Газа продолжија и во текот на ноќта. Палестинските медиуми рано утринава објавија дека израелската авијација и артилерија го гранатирале јужниот град Кан Јунис во најмалку два брана, при што загинале 15 лица.
Напади беа пријавени и во неколку други делови на Газа, вклучувајќи го бегалскиот камп Џабалија, северно од градот Газа и кампот Нусејрат во центарот на Газа.
Израел им порача на Палестинците да се преселат на југ заради безбедност, но продолжи да ги напаѓа областите како Кан Јунис.