Израел уби девет лица на Западниот Брег

Од:

Најмалку девет лица загинаа, а 15 се ранети во денешната израелска воена операција во Џенин на Западниот Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека за време на операцијата, со дрон биле нападнати вооружени жители на бегалски камп во Џенин.

-Жителите им се заканувале на израелските сили пукајќи кон војниците и фрлајќи експлозивни направи. Војниците користеа тешка опрема за идентификување и уништување на десетици скриени експлозивни направи, соопшти ИДФ.

Џенин се смета за упориште на палестинските милитанти. Ситуацијата на Западниот Брег значително се влоши откако започна војната меѓу Израел и исламистичкиот Хамас кој владее со Газа.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас