Повеќе од 500 израелски војници се убиени од почетокот на војната против Хамас на 7 октомври, соопшти израелската војска (ИДФ).
Се вели дека повеќе од 160 војници на ИД биле убиени од почетокот на копнената офанзива во Појасот Газа кон крајот на октомври. Од почетокот на таа операција, околу 900 војници се ранети, а војниците се бореле во близок контакт со борците на Хамас, јавува Би-Би-Си.
Израел соопшти дека нема да ја прекине својата одмаздничка кампања во Газа додека не го уништи Хамас. Најмалку 1.200 луѓе беа убиени кога Хамас го нападна Израел на 7 октомври, а околу 240 луѓе беа земени како заложници.