Израел ослободи 15 Палестинки и 15 тинејџери

Од:

Хамас денеска ослободи уште 12 заложници, а Израел 30 палестински затвореници, на петтиот ден од продолженото шестдневно примирје меѓу милитантната палестинска група Хамас и Израел.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) соопшти дека 12 заложници биле пренесени од Газа, а израелската војска потврди дека десет израелски државјани и двајца странци се со нејзините специјални сили на израелска територија.

Заложниците се меѓу околу 240-те лица кои Хамас ги приведе за време на упадот на 7 октомври во јужен Израел во кој загинаа околу 1.200 луѓе, според израелските проценки. Во израелското бомбардирање на Газа загинаа повеќе од 15.000 луѓе, соопштија здравствените власти во Газа.

Израел соопшти дека ослободи 30 палестински затвореници од затворот Офер. Претходно беше кажано дека станува збор за 15 жени и 15 тинејџери.

Ал Џезира објави дека Палестинците пристигнале во Рамала и Ерусалим, градови на Западниот Брег.

Портпаролот на катарското министерство за надворешни работи, кое посредува во конфликтот, изјави дека меѓу израелските заложници има девет жени и едно дете.

Некои од заложниците беа предадени на бригадите Ал Кудс, вооруженото крило на палестинското исламистичко движење Џихад.

Прекинот на огнот и донесе на Газа прв „одмор“ по седумнеделни борби и бомбардирања кои претворија голем дел од Газа во урнатини. Тој требаше да истече во текот на ноќта во вторникот, но двете страни се согласија на продолжување за ослободување на повеќе израелски заложници и палестински затвореници.

Израел рече дека примирјето може да биде продолжено уште подолго доколку Хамас продолжи да ослободува најмалку десет израелски заложници дневно.

Вкупно, од почетокот на прекинот на огнот, Хамас ослободи 81 заложник, меѓу кои 60 израелски жени и деца и 21 странски државјанин. Меѓу странските државјани главно има работници на плантажи од Тајланд.

Израел ослободи 150 затвореници пред последното ослободување во вторник.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас