Израелската армија (ИДФ) почна да користи мапи кога ги повикува Палестинците да се евакуираат од активните борбени зони во Појасот Газа, пишува The Times of Israel.
Во објава на платформата X, потполковник Авихаи Адраи, портпаролот на ИФД на арапски, рече дека Палестинците во бројни зони во Џалабија, Шуџаја и Зејтун на северот од енклавата треба да се евакуираат во „познатите засолништа“ во населбите Дарај и Туфах во градот Газа.
Тој, исто така, ги повика Палестинците од зоните Кирбат Икза, Абасан, Бани Сухеила и Мана во јужниот дел на Газа да се упатат кон засолништата во Рафах.