Најмалку 19 лица загинаа денеска во израелски напад врз бегалски камп лоциран во Појасот Газа, јавува Ал Џезира.
Многумина се повредени и пренесени во болницата Насер.
Бегалскиот камп се наоѓа во густо населен дел на градот Газа, а Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации претходно објави дека „непропорционалните напади може да претставуваат воени злосторства“.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија претходно денеска дека војниците на резервната бригада Харел ја зазеле областа меѓу Беит Ханун и Џабалија во северниот дел на Појасот Газа.
ИДФ соопшти дека израелските војници убиле неколку оперативци на Хамас за време на борбите во областа. Тие истакнаа дека е уништена инфраструктурата на Хамас во областа, вклучително и ракетни фрлачи со долг дострел насочени кон Израел, локации за лансирање на противтенковски ракети, тунели и набљудувачки пунктови.