Израел ја уништи „терористичката рута на Хамас“: Ја користеа џамијата како база за извршување напади

Од:

Израелската армија претходно потврди дека рано утринава по локално време извршила воздушен напад врз џамија во Џенин, со цел да спречи „неизбежен терористички напад“.

Израел соопшти дека открил „подземна патека за тероризам“ во џамија во градот Џенин на северниот дел на Западниот Брег.

Тајмс оф Израел во неделата објави фотографија на ИДФ на која наводно се гледа врата на подот од џамија која била цел на рано утрово.

Подот околу вратата ги прикажува урнатините на зградата за која ИД вели дека борците на Хамас ја користат како своја ќелија.

Во заедничката изјава со Шин Бет – израелската безбедносна агенција – ИДФ соопшти дека таму се кријат палестински членови на терористичката организација и ја користат џамијата како база „за планирање и извршување напади“.

Би можело да ве интересира

Повеќе од половина милион раселени Палестинци се враќаат во северниот дел на Газа по 15 месеци

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници

Хамас: Бројот на загинати во Газа се искачи на 47.283, тела се наоѓаат под урнатините

А1он

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Главни точки од договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас

А1он

Израел го потврди историскиот мир во Газа