Израел: Ја нападнавме терористичката инфраструктура на Хезболах во Либан

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) тврдат дека нападнале терористичка инфраструктура на Хезболах во Либан.

„Тенкови, борбен авион и хеликоптер ја погодија милитантната група поддржана од Иран, откако таа се обиде да истрела противтенковска ракета врз Израел“, се вели во соопштението на ИДФ.

„Претходно денеска, терористичка ќелија се обиде да лансира противтенковски ракети во областа Марвахин во Либан. ИДФ ја погоди ќелијата“, се вели во соопштението на Телеграм.

Уште 25 лансирања и три беспилотни летала беа идентификувани од другата страна на границата, а некои од нив беа пресретнати.

„Нема извештаи за повредени. ИДФ ги погоди изворите на пукањето“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Обединетото Кралство започна потрага по заложниците на Хамас

Палестинците бараат засолниште додека Израел ги интензивира своите бомбардирања

ОН: Околу 75 отсто од жителите на Газа принудени да ги напуштат своите домови

Израел тврди дека уништил 500 тунели на Хамас во Газа

Горан Наумовски

Хамас: Во нападите во изминатите 24 часа загинаа 700 луѓе, многумина се заробени под урнатините

Горан Наумовски

УНРВА: Во Појасот Газа има околу 50.000 бремени жени