Израел испрати порака до Хамас: Нема да обрнуваме внимание на лажната пропаганда

Од:

Израелската влада денеска соопшти дека тврдењето на Хамас дека групата сакала да ослободи уште двајца заложници од хуманитарни причини, но дека Израел одбил да ги прими, е „пропаганда“.

– Нема да обрнуваме внимание на лажната пропаганда на Хамас – соопштија од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесува Ројтерс.

Претходно, портпаролот на вооруженото крило на Хамас, Абу Убаид, изјави дека групата имала намера да ослободи уште двајца заложници поради „хуманитарни причини“, но дека Израел одбил да ги прифати.

Абу Убаида, портпарол на бригадата Из ал-Дин ал-Касам, во кусото соопштение рече дека во петокот го информирал Катар за намерата на Хамас да ги ослободи двете лица.

Во петокот Хамас ослободи двајца американски државјани, мајка и ќерка, „од хуманитарни причини“.

Абу Убаида рече дека ослободувањето е одговор на напорите за посредување на Катар.

Од 7 октомври, Хамас зароби околу 210 луѓе за време на нападот врз Израел.

Би можело да ве интересира

Повеќе од половина милион раселени Палестинци се враќаат во северниот дел на Газа по 15 месеци

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници

Хамас: Бројот на загинати во Газа се искачи на 47.283, тела се наоѓаат под урнатините

А1он

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Главни точки од договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас

А1он

Израел го потврди историскиот мир во Газа