Израел: Иран ја започна војната, сите опции се на маса

Од:

Иран „покрена војна против Израел“ кога лансираше беспилотни летала и проектили кон Израел. Мораме да ги одвратиме, изјави за Sky News портпаролката на израелската амбасада во Лондон.

Орли Голдшмит тврди дека Иран се обидува да го нападне Израел во последните 45 години преку посредници – Хезболах, Хамас и Хутите.

– Иран го гледа Израел како западна земја која треба да се уништи, вели таа.

Голдшмит вели дека Иран „почна војна против Израел“ во саботата.

„Ги слушаме нашите сојузници и го земаме предвид она што го велат, но на крајот на денот ќе мора да се браниме од оваа иранска закана“, рече таа.

На прашањето како би можел да изгледа одговорот, тaa вели: „Нема да коментирам како ќе изгледа одговорот, но ќе кажам дека се разговара за сите опции, а воениот кабинет ќе одлучи кога е добро време да се дејствува.

„Тоа не е одмазда, ние не сме за одмазда, но сакаме да се увериме дека тие ќе бидат одвратени“, рече таа.

Би можело да ве интересира

CNN: Остин разговараше со Галант пред пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Горан Наумовски

Иран: Летовите се обновени по воздушните напади над Исфахан

Горан Наумовски

Далиријан: Нема воздушен напад од надворешните граници на Исфахан

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Раиси: Моќна, историска и победничка операција на иранските вооружени сили

Нов состанок на израелскиот воен кабинет