Израел има ново, тајно оружје против тунелите на Хамас во Газа

Од:

Израел ќе користи нови „сунѓерски бомби“ за борба низ мрежата на тунели на Хамас под Газа. Израелските одбранбени сили (ИДФ) тестираа хемиски бомби кои не содржат експлозив, но се користат за запечатување на дупки или влезови во тунели од кои може да излезат борците.

ИДФ не ја коментираше употребата на таканаречените „сунѓерски бомби“, кои создаваат ненадејна експлозија на пена која брзо се шири, а потоа се стврднува, пишува британски Телеграф.

Вакви бомби биле видени како израелски војници ги инсталираат за време на вежбите во 2021 година. Војската поставила лажен тунел-систем во воената база Це’Елим во близина на границата со Газа. Војниците најверојатно ќе се соочат со крвава борба низ тунелите познати како „Метро во Газа“ кога ќе започне очекуваната копнена инвазија. Се смета дека мрежата е долга стотици километри и содржи бројни замки.

Тоа е местото каде Хамас држи многу од своите 200 заложници и каде неговите лидери се надеваат дека ќе ја преживеат претстојната војна.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас