Израел ја олесни испораката на помош за Појасот Газа преку преминот Керем Шалом, соопшти денеска канцеларијата на израелскиот премиер.
Ова, според соопштението од канцеларијата на Бенјамин Нетанјаху, ќе му овозможи на Израел да го исполни ветувањето за дневен влез на 200 камиони со хуманитарна помош во Газа, пренесе Ројтерс.
Преминот Керем Шалом е затворен од 7 октомври кога Хамас го нападна Израел, а оттогаш помошта во Газа пристигнува само преку преминот Рафах, на границата со Египет, преку кој, според Израел, дневно можеле да влезат само 100 камиони.
Досега сите камиони со хуманитарна помош влегуваат во Појасот Газа преку граничниот премин Рафах со Египет, но прво ги проверува Израел.