Изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ може наскоро да продолжи

Од:

Изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ ќе може да продолжи од 3 август, пренесува руски „Спутник“.

Како што објаснија од Данската агенција за енергетика (ДЕА), рокот за поднесување на жалба на одлуката на Данска истекува наскоро, а работите може да се продолжат дури и ако се поднесе нов правен лек.

Според агенцијата, потенцијалната жалба, која би била поднесена до данскиот апелационен совет за енергетски прашања, нема да може веднаш да ги прекине активностите, освен ако Советот не донесе поинаква одлука.

На почетокот на јули, данската агенција за енергетика и даде дозвола на компанијата „Норд тек 2“ да ја заврши истоимената изградба во нејзините води.

Сега, компанијата може да користи не само бродови со динамичен систем за позиционирање, туку и закотвување, затоа што трасата на која треба да заврши гасоводот поминува надвор од зоната на ризик од контакт со хемиското оружје кое се наоѓа на дното на Балтичкото Море, информира „Б92“.

Како што беше речено, поставувањето на цевките ќе може да продолжи уште од 3 август, кога ќе заврши рокот за жалба по претходната одлука.

Би можело да ве интересира

Русија: Британската морнарица го разнесе Северен тек

Ана Ололовска

Со шведската истрага се зголемија сомнежите за саботажа на „Северен тек“

Ана Ололовска

Сојузник на Путин: Саботажата на „Северен тек“ е како напад на ЦИА во 1983 година

А1он

Москва: Северен тек 1 и 2 може да се поправат, но за тоа ќе бидат потребни време и пари

Ана Ололовска

Гасот престана да истекува од оштетениот гасовод во Балтичкото Море

Ана Ололовска

Трас и Фредериксен: Инцидентите на гасоводот „Северен тек“ се акт на саботажа

Ана Ололовска