Избран нов лидер на сириската опозиција

Од:

Сириските опозициски фракции го избраа Ахмад Моаз ал Хатиб за претседател на новата „национална коалиција“ на обединетата опозиција.

Договорот за формирање нова раководна структура наречена Сириска национална коалиција беше постигнат во Доха по еднонеделни разговори меѓу претставници на сириската опозиција кои се борат за симнување на претседателот Башар Асад.

Во СНК ќе има активисти од опозицијата кои дејствуваат во Сирија како и командири на вооружени опозициски групи. Во новата коалиција ќе учествува и Сирискиот национален совет – најголемата опзоициска структура која има 22 од вкупно 60 места во новата организација.

52-годишниот Ал-Хатиб е роден во Дамаск. Ја напуштил Сирија пред три месеци, откако на два пати бил уапсен, од почетокот на бунтот против режимот на Асад.

Познат е по умерените ставови по верските прашања.

Ал-Хатиб е инженер по геофизика, бил имам во џамија во Дамаск.

СНК се надева дека ќе биде меѓународно призната како единствен легитимен претставник на сирискиот народ и ќе состави влада по евентуалното паѓање на режимот на Асад.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад