Истрели во близина на аеродромот во Доњецк

Од:

Истрели од артилериско оружје се слушаат северно од украинскиот град Доњецк, а на небото се издигнува голем црн чад, тврдат очевидци.

Истрелите се слушаат во близина на аеродромот, кој беше во рацете на украинската армија, и покрај тоа што градот е под контрола на проруските сепаратисти.

Според претставници на бунтовниците, сега аеродромот е празен, а борби се водат околу воена база која се наоѓа во близина.

Во текот на ноќта примирјето било прекршено и во реонот на пристанишниот град Мариупољ, кој е во близина на границата со Русија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми