Истрага за Понта поради плаќање за посета на Тони Блер

Од:

Романското обвинителство за борба со корупција покрена денеска истрага против поранешниот премиер Виктор Понта поради наводни финансиски неправилности во врска со посетата на поранешниот британски премиер Тони Блер во Букурешт во 2012 година. 

Иако обвинителството не наведе за кој странски претставник станува збор, бизнисменот Себастијан Гита, кој денеска беше на сослушување, потврди дека истрагата е фокусирана на посетата на Блер. 
Понта исто така беше ислушан денеска, а обвинителите се сомневаат дека ја злоупотребил службената должност во времето кога бил лидер на Социјдемократската партија  со цел да го убеди Гита да потроши 220.000 евра на посетата на Блер. 

За возврат, Понта го промовирал бизнисменот во земјата за да му помогне да дојде до парламентарен мандат. 

Понта и Гита ја негираат вината. 

Портпаролката на обвинителството Ливија Саплацан изјави дека странскиот гостин не е под истрага.

Би можело да ве интересира

Запленет имот на Виктор Понта во вредност од 220.000 евра

Емир Латифовиќ

Виктор Понта останува без докторска титула, неговиот труд е плагијат

Емир Латифовиќ