Неделава во Истанбул ќе почне изградба на трет мост на теснецот Босфор, објави турскиот весник „Милиет“.
Изградбата ќе почне на 29 мај, кога ќе биде одржана и официјална церемонија за почеток на проектот, изјави генералниот директор на турската дирекција на „Патишта“ Џахит Турхан.
Мостот ќе биде изграден по уникатна технологија. Широчината ќе биде 59 метри и ќе има осум автомобилски ленти и две железнички пруги.