Исламски џихад е подготвен да ослободи двајца израелски заложници, жена и момче, од хуманитарни и медицински причини, изјави портпаролот на неговото вооружено крило, бригадата Ал Кудс.
Тој во снимената порака додава дека иницијативата ќе има кога ќе се исполнат одредени мерки.
Исламски џихад е палестинска милитантна група и сојузник на Хамас која учествуваше во нападот врз Израел на 7 октомври.