Исламисти убиле магионичар, бидејќи триковите биле анти-исламистички

Од:

Џихадисти на ИСИС му ја исекле главата на уличен магионичар, миленик на децата во градот Рака, бидејќи дошле до заклучок дека неговите трикови го навредуваат Господ.

Убиството на магионичарот, познат како „Волшебник“ е варварство и масакр, изјавил еден негов пријател, сириски активист, кој успеал да побегне во Турција, за „Дејли мирор“.

-Магионичарот со своите мали трикови, ги забавуваше минувачите и децата кои го сакаа. Не работеше ништо против исламот, но сепак плати со својот живот -рече тој.

Според Исламска држава неговите трикови биле анти-исламистички бидејќи Коранот ги забранува триковите затоа што времето кое луѓето го користат за гледање, може да го искористат за одење во џамија. Е. Г.

Би можело да ве интересира

Русите: Ја презедовме контролата

ВИДЕО: Нападнат Виктор Орбан

„Ако Трамп изгуби, јас сум нае*ал“

Предраг Петровиќ

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение