Исклучен руски нуклеарен реактор, испуштал пареа

Од:

Нуклеарен реактор на југот на Русија е исклучен бидејќи е откриено дека испушта пареа, но тоа не предизвикало зголемување на радиоактивното зрачење.

Како што наведува Розенергоатом, подружницата на руската нуклеарна агенција Росатом, реактор број 2, од четири што ги има електраната во близина на Ростов на Дон, на југот од земјата, мораше да се затвори поради поправки, бидејќи синоќа во 23.55 часот по средноевропско време беше откриено дека испушта пареа.

„Причината е неисправен спој на цевката од 18 милиметри преку која не-радиоактивна вода оди до генераторот на пареа на реакторот“, наведува Розенергоатом.

Портпаролот на Розенергоатом рече дека инцидентот не е опасен и дека се ќе се среди за два дена, откако ќе се излади цевката.

Русија е меѓу најголемите производители на нуклеарна енергија во светот. Росатом има 38 реактори изградени главно во советската ера, во 11 електрани низ целата земја.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Одмазда за масакрот во Суми: Украина ја уништи руската ракетна бригада во регионот Курск