Иранската револуционерна гарда (ИРГК) денес објави дека го започнала 90-тиот бран од операцијата „Вистинско ветување“, насочена кон американските индустриски капацитети во регионот, вклучувајќи ги фабриките за челик и алуминиум во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Бахреин.
Според официјалното соопштение, нападот со беспилотни летала и хиперсонични ракети уништил клучна инфраструктура поврзана со американските и израелските воени интереси во регионот, објави Press TV.
Исто така, се вели дека биле погодени фабриките за оружје „Рафаел“ и скриените позиции на американските сили околу Манама, главниот град на Бахреин.
