Иравани: Иран го искористи своето право на самоодбрана

Од:

Иран го искористи своето право на самоодбрана, откако САД, Франција и Велика Британија не дозволија Советот за безбедност на ОН да ја прифати изјавата за нападот на Израел врз иранскиот конзулат во Дамаск, изјави постојаниот претставник на Иран во ОН, Амир Саид Иравани на итната седница на Советот за безбедност на ОН во врска со синоќешниот напад на Иран врз Израел.

„ОН не ја исполнија својата должност за одржување на меѓународниот мир и безбедност. „Русија предложи соопштение за печатот за да го осуди злосторството, кое беше поддржано од Кина, Алжир и многу членки, но беше блокирано од САД, Велика Британија и Франција“, рече Иравани.

Тој посочи дека, поради таквите околности, Иран немал друг избор освен да го искористи правото на самоодбрана во рамките на меѓународното право, пренесува РИА Новости.

Постојаната мисија на Иран во ОН претходно објави дека доколку Советот за безбедност го осуди израелскиот напад врз иранскиот конзулат и ги изведе одговорните пред лицето на правдата, потребата Иран да возврати „може да биде елиминирана“.

Техеран објави дека не бара дополнителна ескалација и дека синоќешниот напад врз Израел го смета за „решена работа“.

Состанокот на Советот за безбедност на ОН се одржува на барање на Израел, откако Иран во ноќта меѓу саботата и неделата лансираше стотици беспилотни летала и проектили кон Израел како одмазда за израелскиот напад врз иранската дипломатска мисија во Дамаск.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел го нападна Иран – истрелани се голем број ракети, експлозии одекнаа во Техеран

А1он

CNN: Остин разговараше со Галант пред пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Горан Наумовски

Иран: Летовите се обновени по воздушните напади над Исфахан

Горан Наумовски

Далиријан: Нема воздушен напад од надворешните граници на Исфахан

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Раиси: Моќна, историска и победничка операција на иранските вооружени сили