ВИДЕО: Иранците тврдат дека собориja американски борбен авион Ф-15

Од:

Иранските противвоздушни системи соборија непријателски борбен авион Ф-15 во близина на Ормутскиот теснец, откако авионот е откриен и следен над јужниот брег на земјата, јавуваат медиумите.

Според иранската војска, авионот е погоден од ракета земја-воздух испукана од единици за воздушна одбрана, а инцидентот се случи во близина на островот Хормуз.

Воените власти соопштија дека е во тек истрага за да се утврди што точно се случи со соборениот авион и неговиот екипаж.

Видео кое наводно го прикажува моментот на уништување на авионот се појави на социјалните мрежи, особено на Телеграм.

Иран најавува дека може да одговори на ултиматумот на Трамп со напади врз енергетската инфраструктура во Заливот поврзана со САД, но во исто време вели дека бродовите што не се „непријателски“ ќе имаат безбеден премин низ Ормутскиот теснец.

Укинувањето на блокадата би значело губење на клучен актив во конфликтот, па затоа Техеран одложува и се обидува да го задржи притисокот. Сепак, владата во Иран претходно покажа подготвеност да сноси големи економски и социјални последици заради опстанокот на режимот.

Исто така, постои можност Иран да ја тестира решителноста на Трамп, надевајќи се дека земјите од Заливот ќе извршат притисок врз САД да избегнат понатамошна ескалација.

Би можело да ве интересира

Ормутскиот теснец е комплетно под наша контрола и не е предмет на преговори, порача Иран

Не им веруваме на Американците, порача еден од клучните ирански преговарачи

Што значи и што може да донесе пропаѓањето на преговорите меѓу Иран и САД

ВИДЕО: Реакцијата на Трамп на пропаднатите преговори

Катерина Ѓуровски

Иран: Барањата на Американците се нереални, ние не брзаме никаде

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пропаднаа преговорите: Американците си заминаа, Иран обвинува за неразумни барања