Иран тврди дека зароби американски војници, САД негираат

Од:

Шефот на Советот за национална безбедност на Иран, Али Лариџани, изјави дека „одреден број“ американски војници се заробени од почетокот на непријателствата пред една недела. Тој не прецизираше колкумина биле заробени или околностите под кои биле заробени.

Лариџани напиша на персиски јазик на мрежата X: „Некои американски војници се заробени. Лажат дека 5-6 американски војници биле убиени. Подоцна, под изговор на несреќа, ќе го зголемат бројот на жртви.“

Во изјава за Ал Џезира на арапски јазик, портпаролот на Централната команда на САД (CENTCOM) негираше дека Иран заробил американски војници.

„Тврдењето на иранскиот режим дека заробил американски војници е уште еден пример за неговите лаги и измами“, изјави портпаролот за медиумот.

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема да дозволиме Иран да поседува нуклеарно оружје

Иран негира вмешаност во планиран терористички напад во Грција

Ројтерс: САД извршија напад врз иранска локација за лансирање ракети на островот Кешм

Американските разузнавачки служби предупредуваат: Иран планира можен напад со радиоактивна бомба во Вашингтон

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

„Њујорк тајмс“: Мосад киднапирал ирански генерали и ги мачел за да ја открие судбината на Рон Арад