Иран со нови идеи за надминување на сириската криза

Од:

Иран му достави на специјалниот пратеник на Обединетите нации и на Арапската лига за Сирија, Лахдар Брахими неофицијален предлог за решавање на сириската криза, изјави шефот на иранската дипломатија Али Акбар Салехи.

Тој не даде повеќе информации за предлогот, само повтори дека Техеарн ги поддржува напорите на Брахими.

Меѓународниот посредник им се заблагодари на иранските власти за предлогот за надминување на сириската криза.

– Се надевам дека сите идеи ќе бидат организирани во проект, кој ќе стави крај на кошмарот на сирискиот народ, посочи Брахими.

Специјалниот пратеник вчера пристигна во Техеран по неговата посета на Турција и средбите со претставници на Саудиска Арабија.

Турција, Саудиска Арабија, а претходно и Египет дадоа предлози за прекин на граѓанската војна во Сирија.

Предвидено е Брахими денеска да се сретне со секратарот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност Саид Џалили, пред да отпатува за Багдад.

Меѓународниот посредник за Сирија вторпат откако е на функција, е во посета на земјите од регионот. Претходникот на Брахими, Кофи Анан, двапати се обиде да го вклучи Иран во мировниот план за Сирија, бидејќи Техеран е еден од последните сојузници на режимот во Дамаск.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад