Иран: Ормутскиот теснец не е затворен за сите

Од:

Иранската новинска агенција Фарс објави дека 15 бродови поминале низ Ормутскиот теснец во последните 24 часа, со одобрение од Иран. Агенцијата, поврзана со Иранската револуционерна гарда, соопшти дека сообраќајот е сè уште околу 90 проценти помал отколку пред војната.

Иранските власти велат дека Ормутскиот теснец не е целосно затворен, туку е ограничен на „непријателски земји“.

Министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, постојано повторува дека сообраќајот е селективен, а Иран претходно објави дека Ирак има исклучок и може да го користи овој клучен бродски пат.

Иранските власти, исто така, размислуваат за воведување такси за премин низ теснецот. Советник во кабинетот на претседателот изјави дека Ормутскиот теснец би можел целосно да се отвори кога дел од приходите од транзит ќе се искористат за компензација на воените штети.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе има многу позитивни акции, ќе се заработат многу пари

Иран продолжува со нападите: Кувајт и Катар соборуваат беспилотни летала

„Вашингтон пост“: Тврдењата на Хегсет за војната во Иран не се совпаѓаат со реалноста

Горан Наумовски

Белата куќа: Примирјето со Иран е победа за САД

Горан Наумовски

Нетанјаху: Прекинот на огнот не го вклучува Либан

Врховниот совет за национална безбедност на Иран: Трамп капитулираше

Горан Наумовски