Иран го одложува усвојувањето на новиот построг закон за носење шамии за жените

Од:

Иран го одложи донесувањето на нов, построг закон со кој жените се обврзуваат да носат шамија или хиџаб, закон за кој многумина веруваат дека би можел повторно да ги разгори протестите што го зафатија Иран по смртта на Махса Амини во 2022 година.

Контроверзниот закон, одобрен од парламентот во септември 2023 година, нема да биде испратен до владата како што беше планирано оваа недела. Тоа значи дека Иран го запре усвојувањето на законот.

„Во овој момент не е изводливо да се спроведе овој закон“, рече еден функционер, без да наведе повеќе.

Законот предвидуваше построги казни за жените кои одбиваат да носат хиџаб, пренесува Beta-AP.

Законот претходно беше отфрлен од иранскиот реформски претседател Масуд Пезешкијан, кој се обидува да ги рестартира преговорите со Западот за санкциите наметнати на Иран поради неговата нуклеарна програма.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава