ИОМ: 400.000 морнари се заглавени на бродовите поради рестриктивните мерки

Од:

Околу 400.000 морнари, кои во моментот и покрај тоа што им истекле договорите за работа на бродовите и на море, се уште не можат да се вратат дома поради ограничувањата на патувањата воведени за пандемијата со новиот коронавирус, соопшти денеска Меѓународната поморска организација на Обединетите нации (ИМО).

Некои од морнарите работат повеќе од 18 месеци, што е подолго од предвидените 11 месеци.

Исто така стотици илјади поморци се заглавени во своите домови и не можат да им се придружат на екипажите на бродовите на кои работат.

– За жал, видовме дека човековите права на морнарите, рибарите и другите поморски работници се загрозени за време на пандемијата, изјави генералниот секретар на ИМО, Китак Лим.

Тој додаде дека е јасно оти се работи за човековите права и оти таквата состојба предузвикува огромен напор, умор и исцрпеност на морнарите, што е неодржлива ситуација.

Би можело да ве интересира

ОН: Бројот на присилно раселени лица во светот достигна историски максимум

Ана Ололовска

ИОМ итно бара безбедно сместување на мигрантите спасени во Средоземно Море

Ана Ололовска

ИОМ: Околу илјада мигранти вратени во Либија за две недели

Ана Ололовска

ИОМ: Од 2014 година секој ден во просек животот го губи по едно дете

Ана Ололовска

Одбележување 20 години ИОМ во земјава

Ана Ололовска

ИОМ: И годинава над 100.000 мигранти го преминале Медитеранот на пат кон Европа

Наум Локоски