Кори Грифин е човекот кој помогна во одржувањето на хуманитарната акција за болните од АЛС, односно амиотрофична латерална склероза.
Предизвикот со кофа студена вода за само неколку дена со огромна брзина се рашири низ светот.
Грифин бил близок пријател со Пит Фрејтс, 29-годишно момче кое боледува од АЛС, чии роднини го започнаа предизвикот познат како Ice Bucket Challenge во кој досега учествуваа многу познати личности.
Кори Грифин беше советник за инвестирање и иницијатор на хуманитарната акција со студена вода. Дваесет и седумгодишното момче се удавило во вода по скок од зграда во Нентакет само неколку часа откако акцијата успеа да собере 100.000 долари, пишува People.