Индиските сили по грешка убиле неколку цивили

Од:

Индиските безбедносни сили по грешка убиле неколку цивили во село во северозападната држава Нагаланд, информираа владини претставници.

Индискиот министер за внатрешни работи Амит Шах изјави дека е „многу вознемирен“ од веста дека во инцидентот во саботата доцна навечер загинале цивили, без да прецизира за колку жртви станува збор.

Локалните медиуми јавија дека индиските безбедносни сили по грешка отвориле оган врз цивили, без да наведат причина за инцидентот.

– Државата детално ќе го истражи овој инцидент, ужалените семејства мора да ја добијат правдата, напиша Шах на Твитер.

Неименуван припадник на армијата рекол дека војниците пукале во камион, откако добиле информација дека во таа област се движат бунтовници и оти прво биле убиени шест лица.

Насобраните селани потоа запалиле две воени возила, а војниците пукале во нив и убиле уште седум лица, рекол воен претставник кој побарал да остане анонимен.

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени