Индија: Ниту еден адвокат нема да ги застапува извршителите на силување чија жртва почина

Од:

Ниту еден адвокат нема да ги застапува извршителите на силување чија жртва почина, во судскиот процес што утре почнува во судот во Њу Делхи, соопштија претставници на адвокатското здружение.

– Одлучивме ниту еден адвокат да не ги брани обвинетите за силување бидејќи би било неморално да се бранат во постапката, изјави Санџај Кумар, адвокат и член на Советот на адвокати на Окружниот суд Сакет во Њу Делхи.

Кумар потврди дека ниту еден од 2.500 регистрирани адвокати во Окружниот суд Сакет во јужен Њу Делхи каде ќе им се суди на извршителите на злосторството, нема да учествува во тој судски процес и дека „одлучиле да стојат по страна за да обезбедат брза правда“, што значи дека властите ќе мора да именуваат бранители на извршителите.

На припадниците на бандата во Њу Делхи утре ќе им се суди во Окружниот суд каде полицијата ќе ги претстави собраните докази на 1.000 страници и се очекува и формално да биде покренато обвинение против шесте лица кои на 16 декември ја силуваа 23-годишната студентка по медицина и го претепаа нејзиното момче во автобус во Њу Делхи.

Од здобиените повреди таа почина неколку дена подоцна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати