Индиската полиција уби деветмина маоистички бунтовници

Од:

Најмалку девет маоистички бунтовници се убиени во судирањата со безбедносните сили на Индија, соопштено е денеска во Њу Делхи.

Инцидентот се случил во централната индиска сојузна држава Чатисгор, откако една полициска патрола била нападната во областа Сукма, рано утринава.

Вооружените маоисти дејствуваат во дури една третина од сите 600 индиски области. Тие тврдат дека војуваат за правата на најсиромашните слоеви во државата. Индискиот премиер Манмохан Синг, меѓутоа, ги прогласи маоистите како „најголемата внатрешна закана за безбедноста на Индија“.

Претставник на полицијата изјави дека безбедносните сили се во операција на откривање и уништување на вооружените маоисти, во шумовите делови на областа Сукма. Тој потврди дека деветмина од бунтовниците се убиени во судирањата, а дестмина други се повредени. Полицијата зароби и извесно количество оружје.

Нема инфорамции дали владините безбедносни сили претрпеле било какви загуби.

Во јуни минатата година, индиските сили за безбедност соопштија дека убиле 11 маоитсички бунтовници, но активисти на разни хуманитарни организации тврдат дека жртвите на таа операција се припадници на локалните племиња, а не маоистички бунтовници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати