Индијка се самоуби по силување

Од:

Млада Индијка која беше силувана од страна на членови на криминална група изврши самоубиство бидејќи полицијата вршела притисок да се откаже од обвиненијата.

Овој случај уште еднаш го привлече вниманието на тоа, како полицијата ги третира жртвите на сексуална злоупотреба во Индија, пренесува АФП.

Инспекторот Парамџит Синг Гил изјави дека седумнаесет-годишната девојка “пробала секаде” да го пријави силувањето, но полициските службеници не отвориле формална истрага.

Еден од полицајците се обидел да ја убеди да се откаже од обвиненијата, изјави Гил за АФП.

Поради своето однесување, еден полицаец е сменет, а друг суспендиран, а тинејџерката е пронајдена мртва во средата вечерта откако се отрула.

Нејзината сестра, изјави за индиската телевизија NTDV дека од девојката е побарано или да прифати финансиски договор или да се омажи за еден од напаѓачите.

Виновниците не се уапсени, иако денес се приведени три лица – двајца од наводните напаѓачи и една жена нивен соучесник.

Според официјалните податоци, од вкупно 256.329 жртви на злосторство пријавени минатата година во Индија, дури 228.650 се жени, иако се верува дека вистинската бројка е многу поголема, затоа што жените не се осмелуваат да ги пријават профилот нападите.

На почетокот на месецов, една студентка беше жртва на повеќекратно силување во автобус во Њу Делхи, што предизвика масовни протести во земјата. Денес, таа е пренесена со авион во Сингапур на лекување, од сериозни внатрешни повреди.

Индискиот премиер Манмохан Синг, денеска вети дека ќе преземе мерки за да ги заштити жените во Индија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати