Индијка поради долгови ја продала својата 11-годишна ќерка за 12 илјади долари

Од:

Жена од северната индиска држава Раџастан беше уапсена бидејќи ја продала својата 11-годишна ќерка за 650 илјади рупии или околу 12 илјади долари, јавува BBC.

На полицијата и потврдила дека девојчето го продала поради долгови, а полицијата го уапси и парот кој го купил девојчето.

Според тврдењата на полицијата, девојчето е продадено пред еден месец. Откако избегала од своето ново семејство, парот се обидел да ја фати, но 11-годишното девојче побегнало до блискиот ресторан и повикало полиција. Девојчето е сместено во засолниште.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати