Во судир на камион и два миниавтобуси во северна Индија утрово загинаа 28 лица, меѓу кои 13 деца, а уште 20 се повредени, соопшти полицијата.
Несреќата се случила на околу 160 километри западно од градот Гаухати, претстолнина на индиската држава Асам, пренесе „Асошиејтед прес“.
Камионот налетал на двата миниавтобуси кои до локалната циглана превезувале работници, од кои некои биле со деца. Се претпоствува дека меѓу починатите е и возачот на камионот.
Елена Георгиевска