Дваесет лица загинаа во Индија, кога хеликоптер, кој се враќаше од мисија за спасување во поплавените подрачја, удри во планина и падна во река.
-Дваесет лица загинаа, тоа е загуба за целата нација-истакна едно лице од војската.
Тој додаде дека се уште не е утврдено која е причината за падот на хеликоптерот, дали временските услови или техничка грешка.
Според претходниот биланс, во несреќата загинаа осум лица, меѓу кои и пет членови на екипажот.
Хеликоптерот МИ-17 во кој беа членови со спасувачките екипи, војници и полицајци се урна вчера кога се враќаше од акција за спасување во Утараханд, каде што во поплавите животот го загубија 1.000 лица.
Елена Георгиевска